Во село Стамер се слави заштитникот Св.Еремиј

Жителите на делчевски Стамер го слават својот соборен ден. Централната прослава е пред црквата посветена на заштитникот на селото, ,,Св.Еремиј” каде денес се одржа црковна богослужба.
 
-Соборниот ден отсекогаш бил празник за селото. Во посета ни доаѓаат роднини и пријатели, а како што налага традицијата гостите ги пречекуваме со ракија, мезе и погача. Порано на овој ден имаше многу луѓе во Стамер, денес е работен ден, па гости се очекуваат во попладневниот дел од денот, велат жители на селото.
 
Во рамки на одбележувањето на соборниот ден, стамерци организираа заеднички ручек за сите присутни.
 
-За денешниот ручек селаните сами се организиравме и обезбедивме шест котли со вкусна манџа која ќе ја поделиме на сите кои ќе не удостојат со своето присуство на денешниот соборен ден во селото, велат жителите.
 
Свети Еремија е главна селска црква чиј ктитор Зоран Димитровски ја изгради со поддршка на мештаните и обезбедени донации од локални фирми и наши иселеници. Црквата е осветена на 13 мај 2018 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион. Претходно во село Стамер не постоеше православен црковен објект.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*