ООУ „Св.Климент Охридски“ во петок домаќин на финалниот турнир во женски ракомет

Овој петок во салата на гимназијата Методи Митевски – Брицо во Делчево, Општинскто основно училиште Св.Климент Охридски ќе биде домаќин на завршниот финален турнир од Државното првенство во ракомет во женска конкуренција. На турнирот покрај домаќините ќе учествуваат и екипите на деветолетките „Сандо Масев“ од Струмица, „Јосип Броз – Тито“ од Струга, „Кочо Рацин“ од Прилеп, „Стив Наумов“ од Гази Баба и „Ристо Крле“ од Илинден.

На завршниот турнир во Делчево домашната екипа ќе одигра натпревари против врсничките од деветолетките „Кочо Рацин“ од Прилеп и „Стив Наумов“ од Гази Баба.

Со победи во двата натпревари повеќе од сигурно е дека делчевки ќе бидат шампиони. Тренерот и ментор на екипата, професор Александар Таушански ја повика публиката масовно да ја исполни салата во гимназијата М.М.Брицо и да даде свој придонес во новиот успех на делчевските ракометарки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*