“Петрунија” доаѓа во Делчево!

Најуспешното македонско филмско остварување ,,Господ постои името и е Петрунија”, филм кој во изминатите неколку месеци го обиколи светот и беше наш претставник на Берлинале, на 20 мај дефинитивно доаѓа во Делчево. Како дел од активностите на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” филмот премиерно ќе биде прикажан на 20, 21 и 22 мај во киносалата во Делчево.

За Зорица Нушева која ја толкува улогата на Петрунија, ова ќе биде одлична можност да го посети родното Делчево за кое во краткото интервју кое пред неколку месеци го направивме со неа рече дека и недостигаат средбите со најблиските и пријателите.

Во продолжение ќе се потсетиме на една дамнешна емисија насловена ,,На кафе со…” емисија снимена токму со нашата сограѓанка Зорица тогаш Стојановска во далечната 2009 година во која таа раскажува за нејзините почетоци на “даските кои живот значат”.

На линкот подолу е и трејлерот за “Господ постои, името и е Петрунија”, филм кој навистина ќе биде предизвик да се погледне во делчевската киносала.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*