Се е подготвено за ликовната колонија „Разловци на платно“

Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ под менторство на уметникот Александар Белогаски во деновите 16, 17 , 18 и 19 мај во селото Разловци ќе се реализира ликовната колонија „Разловци“ која е само дел од настаните за одбележување на 143 годишнината од Разловечкото востание.

ПРОГРАМА

  • Планинарски марш од с. Тработивиште преку Светите води до с. Разловци (8:00-11:00 ч.)
  • Прием на делегации во Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци (11:00ч.)
  • Отворање на изложбата од Ликовната колонија „Разловци на платно“
  • Почеток на манифестацијата во дворот на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ (11:30ч.)
  • Реферат за Разловечкото востание во интерпретација на КУД „Гоце Делчев
  • Положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан
  • Панихида за учесниците во Разловечкото востание;
  • Обраќање на градоначалникот Горан Трајковски;
  • Доделување благодарници на учесниците
  • Рецитал од учениците од ООУ „Ванчо Прке“ , ООУ „Св. Климент Охридски“ и ПУ на ООУ „Св.Климент Охридски“ с. Разловци;
  • Настап на КУД „Гоце Делчев“;
  • Настап на пејачката група „Ѓурѓа“
  • Настап на ФГ „Никола Јонков Вапцаров“;
  • Традиционален ручек за гостите и учесниците на манифестацијата (13:00ч)
Тргнувањето на учесниците на планинарскиот марш од Делчево е во 7:30 чaсот пред Спомен-домот АСНОМ, додека зборното место за планинарите од регионот е 8:00 часот во селото Тработивиште.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*