Ученици од село Бигла и по 20 години не ја забораваат својата наставничка

Село Бигла е едно од многуте села каде миграцијата си го направи своето, па поради недостиг на деца училиштето е затворено.

Сепак оние малкумина, кои имаа среќа да учат во ова училиште не ги забораваат спомените за родното место и наставниците кои им го дале она што не баш секој може да го даде.

Љубовта кон пишаниот збор, тоа е чувство кое никогаш не се заборава, а одличен пример за тоа е професорката Маријана Стоименовска која имала прилика да биде наставник во споменатото училиште и да ја пренесе љубовта кон книгата на учениците кои ги учела.

По 20 години од тој момент подобар подарок Стоименовска не можела да замисли. Таа од некогашните ученици го добива она што секој наставник би сакал да го има. Почитта, сеќавањето и подарок книга во знак на добриот впечаток кој го оставила кај учениците кои и по 20 години не ја заборавиле својата наставничка.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*