Започна традиционалниот планинарски марш до Разловци

Започна традиционалниот планинарски марш што се организира по повод 143 години од Разловечкото востание. Маршот е со релација од село Тработивиште – Свети води – Разловци и е во должина од осум километри.

-На овој планинарски марш кој е од историско значење, учествуваат планинари од Делчево, Берово, Пехчево, Велес и Зрновци. Планинарската патека минува низ еден интересен предел и засега временските услови се идеални за учесниците. Маршот го започнавме од село Тработивиште, со тоа што пристигнувањето на планинарите на централната прослава во Разловци се очекува некаде околу 12 часот, информира водичот и претседател на ПСК ,,Голак”, Љупчо Чучуковски”.

Додава дека по завршувањето на маршот за планинарите ќе биде организирана заедничка дружба со пригоден ручек.

Организатор на настанот и годинава е Општина Делчево, како дел од одбележувањето на 143 годишнината од Разловечкото востание по кој повод денес во Разловци ќе бидат организирани низа настани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*