Известување за изменет режим на сообраќај

Организаторите на уличната трка која по повод патронот на градот ќе се одржи во Делчево ги известува учесниците во сообраќајот дека на 24 мај 2019 година (петок), поради одржувањето на традиционалната улична трка дел од улиците во централното подрачје (М.М.Брицо, Н.Ј.Вапцаров, Светозар Марковиќ, Кеј на ослободување и Орце Николов) ќе бидат со изменет сообраќаен режим во периодот од 9:00 до 14:00 часот.
 
На гореспоменатите улици ќе има содветна патна сигнализација и униформирани лица за регулирање на сообраќајот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*