Борче Ивановски победник на 4-тата улична трка во Делчево

Делчевците Борче Ивановски и Марија Богдановска се победници на овогодишното издание на 4-тата улична трка која се одржа како дел од одбележувањето на 24 Мај Ден на сесловенските просветители и патрони на град Делчево, ,,Св.Кирил и Методиј”. За Ивановски ова е трето учество на трката и негова трета победа.

-Чувството е одлично, по трет пат учествувам и сум победник. Трката на 5 километри ја истрчав за 18 минути и 10 секунди. Честитки за организацијата и се надевам дека и догодина ова трка ќе продолжи да се одржува на интерес на сите вљубеници во трчањето, рече Ивановски.

На трката како што информираше д-р Дејан Златковски од здружението ,,Драмас”, годинава учествуваа над 300 учесници.

-Благодарност до нашите спонзори како и општина Делчево кои ја помогнаа оваа трка и кои овозможија над 300 учесници да бидат активни учесници во денешниот настан. Честитки до победниците во сите категории на кои им порачуваме и понатаму да се бават со спорт и да бидат активни учесници во спортскиот живот во градот, рече Златковски.

Еден од најголемите иницијатори за реализација на оваа трка е здружението на македонски иселеници во Швајцарија и Франција ,,Рефрама”, на чија иницијатива и годинава дел од учесниците на трката во Делчево ќе учествуваат на традиционалната улична трка во Женева.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*