Со низа активности во Делчево се славеа сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“

Во Делечво денес се одржа научна трибина посветена на годишнината од смртта на најмаркантната личност од сесловенската историја, Константин Кирил Филозоф. Одбележувајќи 1150 години од смртта на Кирил, Општина Делчево за прв пат се вклучува во афирмација и промоција на научната мисла и потврда за значењето на делата на сесловенските просветители.
 
На трибината научни предавања одржаа: проф. д-р Александар Атанасовски од Институт за историја, проф.д-р Снежана Филипова од Институтот за историја на уметноста и проф.д-р Снежана Ваневска-Антевска од Институит за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
 
Научната трибина ја отвори градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој се заблагодари на научните работници за нивниот придонес Делчево да се запише на светската мапа на градови кои со научна мисла го афирмираат и промовираат делото на Свети Кирил и Методиј.
 
-Да се зборува за делото на светите браќа Кирил и Методи и нивното наследство е чест, но и многу деликатна работа, затоа јас тоа го оставам како предизвик на нашите ценети професори кои ја прифатија нашата покана – Делчево да го запишат во градовите кои ја негуваат научната мисла и даваат свој придонес во афирмација на научните факти за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј. Колку е извонредно важна и суштинска мисијата на светите браќа, говори фактот што денес тие се патрони на Европа – признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи. Но, тие се и патрони на Делчево, рече Трајковски.
 
Додаде дека Делчево како град со посебен пиетет го одбележува празникот посветен на светите браќа Кирил и Методиј, во таа смисла е и доизградбата на новата црква посветена на Свети Кирил и Методиј.
 
Градоначалникот Трајковски изрази блгодарност на донаторите во доизградбата на црквата додели плакети-благодарници на д-р Милен Врабевски од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и на донаторот Дарко Ќурчиски од Пехчево, а посебна благодарност изрази на Неговото високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички Иларион кој воден од идејата за поврзаноста на Делчево како град низ кој тече Брегалница и со Брегалничката мисија го даде предлогот овие светители да се празнуваат како заштитници на Делчево. За ова дело на Владиката Иларион, Трајковски му додели плакета-благодарница.
 
Во рамки на трибината по повод ,,1150 години од смртта на Кирил Филозоф” авторите опфатија три значајни аспекти од животот и делото, но и наследството на сесловенските просветители, посебно околу создавањето и етаблирањето на македонскиот јазик.
 
Празнувањето на светите браќа Кирил и Методиј започна со Светата архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Владиката Иларион на која присуствуваа голем број верници од Делчево, а традиционално се одржа и Литија од црквата „Св.Наум“ до параклисот „Св.Климент Охридски“ во дворот на СОУ „М.М.Брицо“ каде беше пресечен славскиот колач.

Црковни активности по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“

Црковни активности по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“

Posted by delcevo365.mk on Friday, May 24, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*