Берово домаќин на Државно првенство во пинг-понг

Во организација на Пинг Понг Федерацијата на Македонија во Берово започна Државното првенство во пинг-понг за кадети. Домаќин на првенството е Пингпонгарскиот клуб Берово, а учествуваат најдобрите 8 пингпонгари, пионери и пионерки од неколку клубови кои покажаа најдобри резултати на досега одиграните Мастерс турнири.

Иако како клуб се нови во овој спорт, сепак како што информираше претседателот на ПК ,,Берово” Јован Ковачовски, пингпонгарите доста солидно ја претставуваат општината во досегашните натревари.

-Во Берово има заинтересираност за овој спорт, ние како клуб почнавме пред нецели две години и благодарение на поддршката на локалната власт и спонозори, брзо го развивме спортот и доста добро котираме, во рамки на категориите во кои се натпреваруваме, истакна Ковачовски.

Градоналникот на Берово, Звонко Пекевски, кој го отвори турнирот на сите учесници им посака добри резултати.

-За прв пат се одржува Државен турнир во пинг-поnг во Берово, за што истакнувам огромна благодарност на Пингпонгарската Федерација на Република Македонија. Честитки и до клубот од Берово кој за кратко време успеа да анимира голем број на млади, кои еве се достојни како натпреварувачи и екипа да организираат Државно првенство, што ќе значи поттик за спортот во Берово и воопшто во државата, рече Пекевски.

На турнирот присуствува и селекторот на кадетите Владимир Закеш, кој истакна дека пинг-понгот како спорт има иднина, бидејки се поголем број млади се решаваат да тренираат пинг-понг со што даваат огромен придонес во неговиот развој.

ВО ТЕК ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ ЗА КАДЕТИ

ВО ТЕК ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ ЗА КАДЕТИ

Posted by delcevo365.mk on Saturday, May 25, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*