Во Делчево утре се игра градското дерби во женски ракомет

Ако Скопје ги има Вардар и Металург, ние ги имаме РК „Делчево“ и РК „Брегалница плус“, екипи со различен квалитет, но со доволно ривалство за да покажат добар ракомет во салата Методи Митевски – Брицо каде ќе се одигра второто градско дерби во историјата на ракометот во Делчево.

Натпреварот се игра во 11 часот, а формални домаќинки се кадетките на тренерот Горан Велков, кои првиот натпревар го добија убедливо. Но, се чини резултатот е во втор план, бидјеки, фактот што имаме две екипи во едно исто натпреварување е нешто што покажува колку ракометот се сака во Делчево.

Публиката желна за вакви натпревари ќе има можност да го види најдоброто од ракометот во Делчево и да одбере свој тим за кого ќе навива.

Ќе биде интересно да се следи оваа пресметка. Бидете во салата на СОУ „М.М.Брицо“ и очекувајте супер ракомет.

Во продолжение сегменти од првиот натпревар одигран во октомври 2018 година.

Во првото градско дерби кадетките на РК Делчево убедливо ги совладаа врсничките од Брегалница плус

Posted by delcevo365.mk on Sunday, October 21, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*