Заедно со Фротирка го одбележуваме меѓународниот ден на крпата🎊🎉

Денес е меѓународниот ден на крпата кој во светот се одбележува на разни начини! Се прашувате како! На тој начин што ќе понесете крпа со себе насекаде. Приклучете се и вие кон оваа глобална иницијатива и денес земете пешкир со себе! Внимавајте да не е излитен, а задолжително да биде чист. Направете фотографија 📷или видео 🎥 во текот на денот и објавете ја за да ги поддржите илјадниците луѓе низ светот кои го прославуваат денешниот ден – а доколку вашата крпа е од #frotirka – не заборавајте да ги означите! Бидете сигурни дека ќе бидете наградени 🎁

За сите кои ќе се прашуваат зошто носите пешкир – одвојте минута-две за да им објасните, па грабнете по една #frotirka , направете слика и очекувајте награда.

Инаку, пешкирот, според Даглас Адамс, авторот на книгата „Авторстоперски водич низ галаксијата“ е најкорисното нешто што еден меѓуѕвезден автостопер може да го понесе со себе. Па затоа, секоја година на 25 Мај, неговите фанови празнуваат токму во негова чест! 🎊🎉Листа на сите земји со сите настани погледнете на интернационалната страна www.towelday.org кадe што е застапена и Македонија, нормално заедно со производите на #frotirka !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*