Пристапноста до објекти – најголем проблем на лицата со попреченост!

Во Делчево денес се одржа втората работилница во рамки на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“. Организатор на настанот е здружението „Мобилност“, меѓуопштинско здружение за општините Кочани, Виница, Берово и Делчево, чиј претставник Василчо Илиев, истакна дека целта на настанот е јавноста да се запознае со проблемите на лицата со попреченост.
 
-Целта на оваа работилница е да ја запознаеме пошироката јавност конкретно со проблемите на пристапноста на зградите, објектите и услугите кои постојат во речиси сите општини, се со цел да се извлечат соодветни заклучоци кои понатаму ќе бидат доставени до надлежните институции и органи за подобрување на состојбата на лицата со попреченост, истакна Илиев.
 
За жал како што вели Златко Арсовски, лице со попреченост од Делчево, состојбата со пристапност до одредени објекти во Делчево и пошироко не е на задоволително ниво.
 
-Има места кои се пристапни, но постојат доста места кои се непристапни. Можеме да наброиме некои од нив како, зградата на локална самоуправа, градската библиотека, пошта, одредени банки. Имаме со градоначалникот добра соработка, така што се надеваме дека во иднина со текот на времето некои пристапни места каде имаме проблеми со пристапноста ќе се решаваат, истакна Арсовски.
 
Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ го реализира Англиски институт за медиуми во соработка со Европската канцеларија и Македоснкиот институт за медиуми.

Работилница на тема: Како да се подобри положбата на лицата со попреченост

Posted by delcevo365.mk on Saturday, May 25, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*