Собирна акција на Црвен крст Делчево

Младите волонтери од Црвен крст Делчево, денес реализираа собирна акција во чии рамки хуманите граѓани имаа можност да донираат облека, средства за лична хигиена и парични средства. Како што информираше волонтерот Михаела Маџова, акцијата ќе трае се до 14 часот, а штандот е поставен пред просториите на општинската организација на Црвен крст Делчево.
-Се надеваме дека граѓаните ќе излезат во пресрет на оваа наша акција која е од хуманитарен карактер. Средствата што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за специјалниот завод за деца со посебни потреби во Демир Капија, откако претходно, невладината организација „Пролет“ достави барање за реализација на оваа хуманитарна акција, рече Маџова.
 
Освен во рамки на денешната акција, како што истакнаа од Црвен крст Делчево, граѓаните кои имаат желба да донираат облека, тоа можат да го сторат секој работен ден со доставување на облеката во просториите на општинската организација.

Собирна акција на волонтерите при Црвен крст Делчево

Собирна акција на волонтерите при Црвен крст Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, May 25, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*