Осогово се спаси од пораз во Делчево

Во рамки на 25 коло од Третата фудбалска лига – Исток, делчевска Брегалница одигра 2:2 со новиот второлигаш екипата на Осогово. Стрелци на погодоците за Брегалница беа Пешовски во 5-тата и Марковски во 81 минута од натпреварот. Со овие погодоци се до 86 минута од натпреварот Брегалница имаше водство од 2:0 против фаворитот од Кочани, но поразот кочанчани го избегнаа во 93 минута, откако најпрвин во 86 минута Коцевски намали на 2:1 за да на самиот истек на мечот за 2:2 прецизно стрела Манов.

Се на се возбудлива пресметка на градскиот стадион во Делчево која не донесе некои позначајни промени на табелата. Во следното коло Брегалница и гостува на екипата на ОФК „Малеш“ во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*