Детската градинка „Весели Цветови“ се подготвува за завршната приредба, која овој четврток ќе се одржи во свечената сала на Општинското основно училиште „Ванчо Прке“ во Делчево. Како што информираше директорката Билјана Симовска, настанот ќе биде музичко-сценски спектакл, во кој во главна улога ќе бидат воспитувачките, негувателките и дечињата.
-Како и секоја година, така и оваа година ќе ја завршиме со една убав настан со дечињата од 5-6 години. Тоа е една завршна приредба која е насловена како „Збогум градинке“. Во текот на изминатите неколку месеци дечињата заедно со воспитувачките и негувателките подготвија интересна програма со музички точки од различен жанр. Нашата завршна приредба, оваа година е во четврток на 30 мај, во салата на Општинското основно училиште „Ванчо Прке“. Ги покануваме сите родители да ги испратиме овие наши миниматуранти со еден бурен аплауз бидејки заслужуваат, рече Симовска.
Во продолжение разговаравме и за останатите тековни активности во градинката за кои нешто повеќе ќе може да слушнете во продолжение од мини интервјуто со директорката на ОЈУДГ „Весели Цветови“, Билјана Симовска.
Leave a Reply