„Копачка“ го збогатува членството со нови инструменталисти

Здружението на Фолклорната група „Копачка“ с. Драмче, Делчевo започнува активности за збогатување на своето членство со инструменталисти на изворни инструменти. Новите членови, како што соопшти секретарот на здружението Перса Стојановска, еднаш неделно, ќе се избираат на аудиција во Спомен дом „АСНОМ“.
 
-Сакаме да упатиме јавен повик до сите пејачи на изворен фолкор и играорци, да се пријават на аудицијата, која ќе важи за кандидати од машки и женски пол, кои ќе имаат наполнето најмалку 14 години. Аудицијата за прием на нови членови ќе се одржува секој четврток до пополнување на потребниот број, во малата сала на Спомен дом АСНОМ, со почеток од 19 часот за женскиот пол и од 20 часот за заинтересираните од машки пол , соопшти Стојановска.
 
Од „Копачка“ ги охрабруваат сите заинтересирани да се пријават и со своите квалитети да допринесат за одржливоста на орото „Копачката“ во УНЕСКО, кое е дел од Репрезентативната листа за нематријални културни наследства на човештвото.
 
Меѓу причините зошто кандидатите треба да се пријават, од „Копачка“ ги наведуваат прекрасните мигови на дружење, веселење, стекнување на нови и трајни пријателства, запознавање на нови места, духовни светилишта и навлегувањето во тајните на орото „Копачка“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*