Најдобрите творби од наградниот конкурс на ЈЛБ „Илинден“ на детски фестивал во Кочани

Традиционално и годинава ЈЛБ „Илинден“ ќе учествува на детскиот петски фестивал „Мајски цвет “ во Кочани, а е во организација на библиотеката „Искра“ од Кочани. Како што информираше директорката Билјана Петровска на настанот ќе учествуваат учениците кои имале најдобра творба.

-На „Мајски цвет“ учествуваат ученици кои имале најдобра творба на наградниот конкурс кој го организира „ЈЛБ „Илинден“. Годинава конкурсот беше на тема „Книгата има душа“. Наши претставници на фестивалот ќе бидат Магдалена Георгиевска и Андреа Златкова, соопшти Петровска.

Водени од мислата „Важно е да се учествува, а не да се победи“ и годинава ЈЛБ „Илинден“ очекува добар настап на Магдалена и Андреа, добра забава со сите учесници и уште едно прекрасно издание на детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“.

Најдобрите творби од конкурсот „Книгата има душа„ дел од фестивалот „Мајски цвет“ во Кочани

Најдобрите творби од конкурсот „Книгата има душа„ дел од фестивалот „Мајски цвет“ во Кочани

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, May 28, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*