Планинари од Делчево и Берово го искачија „Титов врв“

Планинарите од ПСК „Голак“ Делчево и ПСК „Сосна“ од Берово, викендов учествуваа на 38. традиционално искачување на „Титов врв“ на Шар Планина. Патеката на искачување која поминувала низ неколку месности и била долга 23 километри.

-Изминатиот викенд, неколку наши членови зедоа учество на 38. Традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина, „Титов Врв“, кој се наоѓа на 2747 метри надморска висина. Почетна точка ни беше туристичкиот локалитет „Попова Шапка“  на 1800 метри, преку месноста „Крст“ на 1980 метри надморска висина, месноста „Вакав“ која се наоѓа на 2100 метри надморска висина и поради која патеката се нарекува летна или „вакавска“ патека.

Маршот продолжи преку месноста „Губи душа“ на 2445 метри надморска висина се до„Титов Врв на 2747 метри надморска висина. Се на се планинарите поминаа патека од 23 километри во двата правци, со висинска разлика од околу 1000 метри, при што на самиот врв „Титов Врв“ имало магла и неодамна паднат снег, нешто што сепак не предизвикало проблеми по нашите планинари, информира Чучуковски.

Настанот, како што дополни Чучуковски, го организирал Планинарски клуб „Љуботен“ од Тетово.

Планинари од Делчево и Берово учествуваа на 38 традиционален марш до Титов Врв на Шар Планина

Планинари од Делчево и Берово учествуваа на 38 традиционален марш до Титов Врв на Шар Планина

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, May 28, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*