Лесновска ликовна колонија во Дом на култура во М.Каменица

Уметниците Ѓоко Антониев, Христина Стојчевска, Тони Чатлески, Ангел Коруновски од Македонија, Олга Панкина, Светлана Владимирова Орлова и Светлана Еланцева од Русија, Немања Јовановиќ и Јелена Тамбуриќ од Србија и Маријана Везарова од Бугарија кои престојуваа во Лесново и твореа со инспирација од Лесновскиот манастир, утре 30. Мај своите дела ќе ги претстават во Изложбениот салон од Домот на култура во Македонска Каменица.

Почетокот на изложбата е во 12:30 часот, а во рамки на истата посетителите ќе можат да видат мотиви од пештерските цркви, пештерите од каде што се вадел прочуениот воденичарки камен, вулканскиот кратер и прекрасната природа што го опкружува амбиентот во ова поднебје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*