Со цел подобрување на квалитетот на водата за пиење, по скоро две децении во Делчево се чистат резервоарите за вода. Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“, покрај редовното чистење и перење на примарната и на секундарната водоводна мрежа, во текот на денот изврши чистење на резервоарот на местото викано ,,Чуката”, по што беше извршена и дезинфекција на објектот.
Ваквите активности како шро соопштуваат од претпријатието ќе продолжат и наредната недела за кога е планирано чистење, перење и дезинфекција на другиот резервоар во Делчево, по што ќе се пристапи и кон чистење на сите резервоари за вода во селските средини.

Во таа насока, а во рамките на проектот за изградба на нова пречистителна станица за вода за пиење, беше извршено и подводно снимање на дното на акумулацијата Лошана. Снимањето го извршија нуркачи, а целта на оваа активност е да се види состојбата со внатрешноста на браната и талогот на дното од браната.
Додаде дека во текот на наредните денови ќе се изврши и скенирање на објектот брана Лошана.
Браната Лошана е изградена пред 10 години и има вкупен капацитет од 1.250.000 м3.
Leave a Reply