Фантастичен завршен настап на дечињата од ,,Весели цветови”

Вечерва во свечената сала на ООУ ,,Ванчо Прке”, најмалите од групите пред поаѓање во прво одделение од градинката ,,Весели Цветови” со разновидна програма се претставија пред своите родители, баби, дедовци, стрини и вујковци, претставувајки го сето она на што макотрпно работеа со своиѕе воспитувачки и негувателки.

Покрај стандардните песнички, дечињата подготвија вистински спетакл со изведбите на познатите Macarena, Rock&Roll изведби и многу други точки кои ги вратија родителите во времето кога и тие беа деца. Програмата кулминираше со изведбата на “Мотори” од култната екс-ју група Дивље Јагоде.

Настапите на дечињата погледнете ги во продолжение.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*