Општина Берово ги подобрува комуналните услуги за ѓраѓаните

Денеска во Битола, е извршено свечено примопредавање на 10 ровокопачи, кои се обезбедени преку програмата на Европската Унија, за финансирање на руралните средини, која ја имплементира Министерството за финансии а истата е администрирана од Светска банка.
 
Еден ровокопач е доделен на Општина Берово.
На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20, 667 милиони евра.
 
Програмата ја имплементира Министерството за финасии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Во рамките на оваа програма се реализира проектот ,,Набавка на универзални ровокопачи-натоварувачи за потребите на руралните општини’’. Преку набавката на 10 (десет) ровокопачи, која е финасирана со средства од Европската Унија, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и покввалитетно оддржување на инфраструктурата во руралните области.
 
Ровокопачите се доделени на 10 општини, кои во група со уште по две општини, зеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*