Нови вработувања за решавање на проблемот со недостиг на технички персонал во амбулантите

Најавата на Министерството за здравство за стимулирање на лекарите и создавање услови за нови вработувања ја подгрева надежта дека и во Делчево и Македонска Каменица се подотвора вратата за нови вработувања, најмногу за технички персонал кој недостига во моментот во Здравствениот дом во Делчево и М.Каменица.
 
Минатата година, како што информира директорката Марија Глигоровска, во овие две установи најмногу вработувања имаше во делот на медицински кадар.
 
-Имавме многу потреба од медицински кадар и од помошно-технички персонал, некои од нив веќе работат кај нас со договор на дело. Имаше некои законски пречки и процедури во плановите за работа, кои што не беа направени како што треба во минатото. Имавме и некои пропусти кои не беа во согласност со информатичкото општество и МИО. Го надминавме тој проблем, со што во минатата година имавме 8 редовни вработувања во делот на медицински персонал, медицински сестри, радиолошки техничари и медицински лаборанти за кои имаше потреба, информира Глигорова.
Со вториот дел од новите вработувања, како што дополни, ќе биде опфатен техничкиот персонал, кој треба да ги наследи вработените кои заминуваат во пензија и недостатокот од технички кадар.
 
-Многу од вработените како технички персонал си заминаа, имаме напуштање и по основ на пензионирање и на друг медицински персонал, како и по основ на заминување во странство, т.е иселување, така што се укажува потреба да се пополнат тие места, за нормално работење во здравствениот дом, додава Глигоровска.
 
Доколку интересот за искористување на оваа мерка ги надмине очекувањата, од наредната година, според најавите предвидено е нејзино продолжување со надградување на нов пакет стимулации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*