Пица мајсторот Зоран Јовановски дел од Chinggis Khaan’s Challenge Cup 2019 во Монголија

Каменичанецот Зоран Јовановски кој пред неколку години се врати во родното место и го отвори првото училиште за пица мајстори, деновиве е пред нов предизвик. Тој веќе се наоѓа во Улан Батор, Монголија каде како учесник на Џингис Кан Челенџ Куп 2019 (Chinggis Khaan’s Challenge Cup 2019) од 5 до 9 јуни ќе ја претставува Македонија на еден од најдобрите кулинарски натпревари кој по 2 пат се одржува во Монголија. Како што информираше Јовановски, на натпреварот учествува како член на Гастромак, Македонија.

-Како дел од Гастромак на овој натпревар ќе учествувам во подготвување пици. Можам да кажам дека имам искуство на овие натпревари, за време на мојот престој во странство сум учествувал на многу натпревари во Шведска, Норвешка, Италија, Шангај и други и на истите имам освојувано први, втори и трети места. Се надевам дека и на овој натпревар добро ќе се претставам и ќе освојам некоја награда, вели Јовановски.

 

Додава дека на натпреварот во Улан Батор ќе учествуваат околу 100 натпреварувачи од Кина, Мексико, Англија, Данска, Романија, Бугарија и други земји.

Како дел од Академијата за пица мајстори која од неодамна започна со работа во М.Каменица, досега 10 кандидати добија сертификат за Интернационални пица мајстори, а до крај на годината бројката очекува да се зголеми на 40 кандидати.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*