Еко-акција на Рудник САСА за Светскиот ден на животната средина

По повод 5-ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, Рудник САСА спроведе еко-акција чија цел е јакнење на јавната свест за потребата од зголемување на напорите и активностите за заштита на животната средина.

Во рамки на акцијата, во која учествуваа вработени и членови на менаџемнтот на компанијата, како и ученици од средното училиште „Миле Јаневски – Џингар“ кои посетуваат практична настава во рудникот, беа засадени 30-тина садници див костен во кругот на рудникот САСА. Доплнително, во рамките на акцијата беше собран и целокупниот сув отпад кој понатаму ќе биде селектиран и рециклиран со што ќе се обезбеди негов соодветен третман.

„Свесни сме дека ова е можеби симболичен придонес, но се надеваме дека со оваа еко-акција ќе испратиме порака до целата заедница за тоа како сите ние треба да се однесуваме кон животната средина. Се надевам дека со нашиот денешен пример ќе ги поттикнеме и останатите луѓе и компании во земјата да преземат конкретни акции со кои ќе ја зачуваме природата чиста и здрава“, изјави Ник Ширли, директор за општествена одговорност во
Централ Азија Металс, компанијата – сопственик на Рудник САСА.

Сведување на минимум на влијанието врз животната средина е стратешка цел на Рудник САСА. Според постигнатите резултати, вложувањата и пристапот во заштитата на животната средина, САСА е еден од предводниците во оваа област во домашната индустрија, посебно во рударството.

Имено, САСА е првиот македонски рудник што поседува А – интегрирана еколошка дозвола и работи според најважните меѓународни барања и принципи во рударството, како што е светскиот стандард за управување со заштитата на животната средина – ISO 14001.

Светскиот ден на животната средина е воспоставен во 1972 година од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации. Низ годините, овој светски ден прарасна во глобална платформа за подигнување на јавната свест за потребата од поефикасна заштита на животната средина во која активно учествуваат над 140 држави, а се вклучуваат и голем број
компании, невладини организации и јавни личности низ целиот свет. в.с/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*