Прво место за КУД ,,Вера Јоциќ” на фестивалот во Сапарева Бања

Со освоено прво место Културно уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ имаше успешен настап на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Сапарева Бања”, кој се одржа во истоимената општина во Ќустендилскиот регион во Р Бугарија.

Првото место на фестивалот, како што информираше кореографот на КУФ ,,Вера Јоциќ”, Кристијан Трајановски, е освоено во доста силна конкуренција.

-На овој Меѓународен фолклорен фестивал на кој учествуваа 50 фолклорни групи од повеќе земји, КУД ,,Вера Јоциќ” го освои првото место. Но, тоа не е единствената награда која ја освоивме на овој фестивал. Добивме и парична награда како и плакета за најдобра сценска изведба. Со тоа докажуваме дека нашето друштво ја негува и пренесува традицијата од генерација на генерација и одлично ја претставува на фестивалите на кои настапуваме, рече Трајановски.

Културно-уметничкото друштво брои околу 100 членови од кои повеќето се дечиња до 18 годишна возраст, како и група од 20 членови претежно пензионери.

Следниот настап на членовите на КУД ,,Вера Јоциќ” ќе биде учеството на Меѓународен фестивал во Турција кој е закажан за претстојното лето. в.с/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*