Лекарската комора на Македонија за најдобар лекар ја прогласи д-р Виолета Атанасова

Педијатар Виолета Атанасова од Делчево е годинешниот добитник на наградата „Св. Наум Охридски”, награда која секоја година се доделува во знак на признание за особени остварувања во областа на здравството, на поединец доктор на медицина кој особено се истакнал со совесно и одговорно извршување на докторската професија.

Исто така ова е награда за најдобриот лекар кој остварил особено добри резултати во лекувањето на пациентите и се стекнал со доверба и популарност кај нив, кој остварил добра соработка и однос со своите колеги, не истакнувајќи ги притоа своите амбиции и квалитети и не злоупотребувајќи го своето влијание кон пациентите за да се здобие со материјална корист, односно доследно се придржувал кон Охридските на медицинската етика и Кодексот на медицинската деонтологија.

Честитки до доктор Виолета Атанасова на која и посакуваме понатамошен успех во работата. Во продолжение благодарение на тимот од лекари кои денес присуствуваа на чинот на доделување на наградата погледнете го видеото и обраќањето на д-р Атанасова по повод добивањето на оваа престижна награда.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*