Од роднокрајното творештво на наши автори

СЕ ПРАЗНАТ МАЛЕШЕВСКИТЕ СЕЛА

Ни соборите во малешевските села
Не се тоа што некогаш беа
Минуваат тивко без игра, без смеа.

Празни се куќите и дворовите
Ретки се и звуците од камбаните
Се помалку богослужби во храмовите.

Се празнат малешевските села
Замира животот во Двориште и Русиново
Иста болка во Негрево, во Владимирово…

Празни се меѓите и полјаните
Жетвари нема по нивите
Ниту касачи по ливадите.

Се празнат,се празнат селата во Малеш
Празни се куќите и плевните и амбарите
Заминале младите, останале старите.

Во малешевските села,ох во малешевските села
Повеќе погреби од свадби. Нема песни, нема ора.
Куќи празни, ни оџаци чадат,ни огништа горат.

Васил МАНЕВСКИ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*