Златен медал за маестро Зоран Јовановски од Chinggis Khaan’s Cup 2019

Специјалистот за подготвување пици од Македонска Каменица, Зоран Јовановски, се закити со уште едно вредно признание како награда за неговото долгогодишно искуство во гастрономскиот занает. Како единствен претставник на државата на Меѓународниот „Џингис Кан Челенџ Куп 2019“, Јовановски во категоријата подготвување пици го освои првото место и златниот медал.
 
За Јовановски успехот е уште позначаен ако се спомене фактот дека за време на патувањето останал без дел од своите реквизити кои се составен дел за учество на ваквите натпревари.
 
-Наградата ми е особено драга затоа што при патувањето до Монголија, останав без својот багаж, а таму ми беа сите потребни реквизити и состојки кои вообичаено ги употребувам при учеството на ваквите натпревари. Сепак како вистински натпреварувач успеав да се снајдам и да го осовјам првото место иаско имаше доста силна конкуренција, истакна Јовановски.
Додаваа дека на Меѓународниот кулинарски натпревар „Џингис Кан Челенџ Куп 2019“ тој во конкуренција на натпреварувачи од повеќе земји во светот меѓу кои Данска, Мексико, Шпанија, Италија, Кина и други бил единствениот претставник од Македонија.
Јовановски во последните три години е активен учесник на ваквите Интернационални натпревари, при што има освоено златни, сребрени и бронзени медали во Шведска, Норвешка и Италија. Поддршка за патувањето во Монголија, Јовановски доби од здружението на македонски готвачи Гастромак.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*