ФК „Брегалница Делчево“ и TUS Glan-Münchweiler ги вратија гледачите на трибините

Одиграниот меѓународен пријателски натпревар помеѓу екипите на ФК „Брегалница Делчево“ и TUS Glan-Münchweiler ја врати публиката на градскиот стадион во Делчево. Резултатот на натпреварот како што истакнаа претставниците на стручните штабови на двете екипи беше во втор план, затоа што целта ги оправда средствата, а целта како што истакна Душко Петровски од стручниот штаб на Брегалница Делчево е јавноста повторно да го види тимот од Делчево кој се натпреварува во третата лига, овој пат во улога на домаќин на екипа од Германија која се покажа како еден компактен тим предводен од нашиот сограѓанин Орце Алексов, кој беше иницијатор на овој фудбалски натпревар.

ФК „Брегалница Делчево“ и TUS Glan-Münchweiler ги вратија гледачите на трибините – изјави по одиграниот натпревар

ФК „Брегалница Делчево“ и TUS Glan-Münchweiler ги вратија гледачите на трибините – изјави по одиграниот натпревар

Posted by delcevo365.mk on Saturday, June 8, 2019

Во продолжение имате ексклузивна можност да го погледнете целиот натпревар, како и да ги слушенете изјавите на дел од протагонистите на оваа интересна фудбалска пресметка.

Колку за информција, натпреварот заврши 4:3 за домашната екипа, а головите ги постигнаа Никола Стоиловски, Даре Пешовски, Миле Денковски и Александар Дичовски, но најважно од се е, што се се заврши како што треба, во мирољубоива пријателска фудбалска атмосфера која продолжува вечерва со заедничка дружба низ делчевските локали и со музички перформанс на еден од фудбалерите на TUS Glan-Münchweiler, кој што е познат музичар во Германија и настапува во клубовите во местото на живеење.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*