Беровската деветолетка доби поддршка од Фондот за иновации

Беровската деветолетка ,,Дедо Иљо Малешевски” е една од ретките воспитно-образовни установи во источна Македонија која доби поддршка од фондот за иновации и технолошки развој. Финансиската поддршка од 135.000 денари, како што информираше директорката Наташа Аврамска, деветолетката од Берово ја доби за изработката на Автоматски регулатор на водостојот при систем ,,капка по капка”.
 
-По отворен повик од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, нашиот проект беше прогласен за најдобар во државата. Сакам да упатам голема благодарност до учениците, наставниците и родителите кои беа инволвирани во самиот проект. Истиот се реализираше во текот на учебната 2018/19 година и можам да кажам дека трудот кој сите заеднички го вложивме на крај се исплатеше, рече Аврамска.
 
Инвестицијата, како што истакна творецот на макетата, професор Сузана Гашчеовска е минимална и лесно применлива особено во станбени објекти.
 
-Овој проект е многу наменлив, особено во објекти во кои што не се живее постојано. Направен е на тој начин што може автоматски да регулира колкаво е количеството на вода во објектот, за да не дојде до голем број на несакани последици. Вишокот на вода, според системот ,,капка по капка” може.да се искористи за наводнување во околината, на растенија, на дрвја и слично. Ова е инвестиција без многу потрошени средства. Со веќе употребени материјали направивме функционална макета со мерење, со мерачи и аларм кој не известува дали нешто е неправилно, во објектот во кој е вграден самиот систем, истакна Гашчеовска.
 
Ваквиот систем наоѓа примена и во самата деветолетка за што училиштето вложило напори за изработка на макета, по чиј урнек може да се конструира системот за многу поголеми објекти и потоа да се применува во цела околина.

Беровската деветолетка доби поддршка од Фондот за иновации

Беровската деветолетка доби поддршка од Фондот за иновации

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, June 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*