,,Господ постои, името и е Петрунија” утре во Македонска Каменица

Во организација на КИЦ ,,Романса” филмот „Господ постои, името и е Петрунија“, утре (четврток), 13 јуни 2019 премиерно ќе биде прикажан во Македонска Каменица. Почетокот е закажан за 20 часот и 30 минути, а влезницата како што информираше Горан Огнановски, директор на КИЦ ,,Романса” ќе чини 70 денари.

Кога сме кај филмот во кој главната улога ја толкува нашата Зорица Нушева, ,,Господ постои, името и е Петрунија” овој месец ќе патува на седум фестивали низ целиот свет. Во Франција филмот досега го видоа 32.000 луѓе и Петрунија влегува во седма недела на дистрибуција и ќе се прикажува во 56 кино сали.

Како што соопштува продукцијата Митевски, филмот ќе започне со проекција на Кино Изола во Словенија, пропратено со предавањето од Данијел Хочевар, нашиот ко-продуцент, за начинот на кој е создаден филмот со пет земји во копродукцијата. Од Изола, Петрунија продолжува во Арт Филмскиот Фестивал во Словачка од 14 до 22 јуни.

На престижниот Сиднеј Филмскиот фестивал заедно со австралиски дистрибутер ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во конкуренција со мајсторите на денешната кинематографија како најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник Паразит. На 29 јуни филмот ќе биде прикажен на Еденбург Филмскиот фестивал – соопштува продукцијата Митевски.

Филмот ќе биде прикажан во Брисел на Интернационалниот филмски фестивал на 28 и 29 јуни во главната конкуренција, во јуни на фестивалот во Германија во Манхајм, а во јули и август во кино дистрибуцијата во Белгија. Во јуни Петрунија ќе биде и дел од најголемиот, 21 по ред, студентски фестивал во светот во Тел Авив.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*