Од роднокрајното творештво на нашите автори

С П И К О В О

Над Пехчево во скутот на планината
Секој оди што спокојство бара
Таму роднокрајците градат црква нова
Да ја раскажува легендата стара.

Убаво е Спиково во пролет и лето
Убаво е кога зреат јаготките диви
Убаво е Спиково во секоја доба
Таму се раѓаат најслатките сливи.

Во Спиково сум одел како дете
Со дедо Серафим бачило градевме
Уште го сеќавам вкусот на сирењето
И на качамакот што слатко го јадевме.

Во Спиково пак сакам да идам
Да се прошетам по падините
Прекрасните предели да ги видам
Да го сетам здивот на убавините.

Васил МАНЕВСКИ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*