Село Град во недела го слави својот соборен ден

Христијанскиот празник „Слегувањето на светиот дух – Педесетница“ во народот познат како „Духовден“ е еден од најзначајните христијански празници кој е еден од најрадосните и со посебно значење за жителите на делчевското село Град, бидејки е датум кога жителите од селото го слават својот соборен ден.
 
Град е село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево. Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар се издига на западната падина на планината Влаина, каде што се допира со државната гранична линија со Бугарија. Селото е рамничарско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.
Селото е големо, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 899 жители, од кои 850 биле Македонци, а 49 Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 696 жители, од кои 679 биле Македонци, а 14 жители Турци.
 
Атарот е голем и зафаќа простор од 27 км². На него преовладуваат шумите на површина од 1.142,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1041,1 хектар, а на пасиштата 356,3 хектари.
Во XIX век, Град било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
 
Селото, во основа, има мешовита функција
 
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Град имало 590 жители, од кои 560 муслимани и 30 православни. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Град имало 40 жители.
 
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Град имало 664 жители Македонци, од кои 563 муслимани и 101 православен.

Село Град, Делчево!

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, November 6, 2018

Според последниот попис од 2002 година, во селото Град живееле 534 жители, од кои 518 Македонци, 15 Турци и 1 Србин.
 
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:
 
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.
 
Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.
 
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер.
 Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Град се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија, Чифлик и Шопје.
 
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.
 
Во селото постои изборно место бр. 0585 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 471 гласач.
 
Од она што е карактеристично за село Град ги издвојуваме:
 
Градиште – археолошки локалитет над селото
 
Црква „Св. Ѓорѓи“ – главна селска црква
 
Коњска Дупка – најисточна пештера во Македонија

Црквата Св.Ѓорѓи во село Град, Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, October 25, 2018

Село Град е честа мета на туристи. Неодамна благодарение на претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, селото го посети група туристи од Скопје кои беа фасцинирани од сето она што село Град може да го понуди како место со своето културно-историско значење.

Клуб на патувачи во посета на локалитетот „Градиште“ во село Град

Клуб на патувачи во посета на локалитетот „Градиште“ во село Град

Posted by delcevo365.mk on Sunday, March 24, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*