Деновиве невладината организација КХАМ од Делчево одржа низа едукативни работилници на кои се разговараше за новиот закон за социјална заштита.
Работилниците, како што информираа од НВО ,,КХАМ” се спроведоа во Делчево, Виница и село Црник.
-Целта на овие едукативни работилници е информирање на заедницата во однос на правилата за стекнување со одредено право од социјална заштита како и обврските по донесено позитивно решение за стекнување на право од социјална заштита, истакнаа од НВО ,,КХАМ” Делчево.
Оваа активност како што додадоа пробуди голем интерес кај граѓаните, кои активно учествуваа во истата.
Leave a Reply