Фото: Пандев со тренерите на ФК ,,Брегалница Делчево” и TuS Glan Münchweiler

Во рамки на пријателскиот натпревар помеѓу екипите на Академија Пандев и Локомотив Пловдив кој се одигра во Благоевград, Р Бугарија, присуството на македонскиот репрезентативец и сопственик на клубот од Струмица, Горан Пандев предизвика голем интерес помеѓу оние кои решија да го гледаат овој пријателски натпревар.

Помеѓу нив беа и тренерите на Брегалница Делчево и TuS Glan Münchweiler, Дејан Михајлов и Орце Алексов, екипи кои минатата сабота одиграа пријателски натпревар во Делчево, Дејан Михаилов и Орце Алексов кои го искористија моментот за заедничка фото-сесија со ,,Гранде Пандев”.

Академија Пандев која оваа сезона натпреварите во Лига Европа ќе ги започне со квалификациски натпревари беше подобра од клубот за кој настапуваше поранешниот македонски репрезентативец Ванчо Трајанов, роден делчевец кој моментално е дел од стручниот штаб на тимот од Пловдив.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*