Планинарски Спортски Клуб „Голак“ од Делчево за прв пат учествуваше на планинарски камп наменет за млади кој се одржа во Гевгелија. Кампот како што информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“ се одржа од 10-ти јуни до 14-ти јуни со местото на „кампирање“ во дворот на Планинарскиот Дом „Томе Шутов Кротки“ во с.Конско.
-Овој камп кој се реализира по програмата на Федерацијата на планинарски спортови беше во организација на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, а на истиот на тема планинарство кампираа и се едуцираа околу триесетина ученици од основните училишта од Гевгелија, Богданци, с.Стојаково и с.Миравци. Кампот се организира со цел запознавање на младите со природата и планинските убавини, стекнување на нови знаења за флората и фауната, убавините и опасностите на планина и да им се покаже реалниот свет на младите во оваа време на модерната технологија, да осознаат дека сепак може да се помине убаво и исполнето и без техниката и ако се неколку денови без неа, истакна Чучуковски.

На кампот биле организирани предавање од сферата на планинарството, по различни теми:
– Што е планинарство и историски развој на планинарството, со осврт врз историјата на планинарството во Македонија.
– Растителниот и животинскиот свет на планините
– Зашттита на планините
– Опасности на планина
– Потребна планинарска опрема
– Правила на движење на планина
– Исхрана во планина
– Ноќевање во планина ( во шатори ).
За предавањата беа задолжени членови на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија како и стручни лица од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија и Младинската Комисија при ФПСМ меѓу кои и претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски во улога на регионален Координатор за југо-источниот дел на државата, како и член во Комисијата за планинарски водичи и член на комисијата за планинарски патеки при ФПСМ.

– На кампот се реализираа и неколку планинарски акции прошетки на Кожуф планина, се’ со цел младите да бидат запознаени со планината и планинарството и доколку сакаат да се приклучат во нашиот клуб да имат основно познавање“, додаде Чучуковски.
Првиот планинарски камп за млади го носи името на долгогодишен член на гевгелиското некогашно планинарско друштво „Кожуф“, Танчев Ѓорги – Гоце со што планинарите сакаат да се поттсетат на годините поминати заедно по планините и планинските врвови, велат иницијаторите е и организаторите на Кампот за млади од раководството на ЗСПК „Кожуф“.
ПСК „Голак“ дел од планински младински камп во Гевгелија
ПСК „Голак“ дел од планински младински камп во Гевгелија
Posted by delcevo365.mk on Saturday, June 15, 2019
Leave a Reply