Поради одрони отежнат сообраќајот на патниот правец Делчево – Кочани

Поради одрони на патот Делчево – Кочани, сообраќајот на споменатиот патен правец, како што соопштија од АМСМ попладнево се одвива под отежнати околности.

– Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево- Македонска Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за расчистување на коловозот, се вели во соопштението на Авто Мото Сојуз на Македонија.

Од таму додаваат дека сообраќајот на останатите патишта се одвива по суви коловози.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*