Меѓународен кошаркарски натпревар во Делчево

Денес во Делчево се одигра Меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу домашната екипа на ЖКК „Клубски Патриот“ од Делчево и ЖКК „Тони 7“ од Сливен, Р Бугарија. Како што истакнаа двајцата тренери Љупчо Петровски – Клубски и Ивајло Христов, резултатот на овој натпревар беше во втор план, бидејки најважно од се, како што рекоа, е дружбата помеѓу самите кошаркарки.

-Најважно е што се екипата имаме дружба и тоа веќе неколку години, најважо од се е децата да бидат задоволни да видат друга култура, други деца, да се запознаат, а кошарката само го овозможува тоа и еден вид им помага децата да се дисциплнираат, да созреат, истакна тренерот на ЖКК „Тони 7“, Ивајло Христов.

Покрај натпреварот, дечињата од младинските категории пред присутните, како што истакна тренерот Љупчо Петровски, го покажаа она што го научиле, во рамки на досегашните тренинзи.

– Оваа соработка трае веќе 4 години, ние бевме во Сливен, потоа тие беа во Делчево. Оваа година повторно сме нивни домаќини што значи дека оваа дружба, уште повеќе се зацврстува. Одигравме натпревар кој резултатски беше без некое особено значење. Целата екипа на „ЖКК Клубски Патриот“ и целиот тим во сите категории денеска успеавме да ги собереме, да одиграат неколку минути и да покажат дел од она што го научиле од досегашните тренинзи, рече Петровски.

Петровски се осврна и на изминатата сезона во која ЖКК „Клубски Патриот“ беше дел од женската прволигашка конкуренција.

-Сезоната ја завршивме на седмото место во У-16 првенството на Македонија и 4 место во кадетското првенство за кошаркарки до 14 години, што за мене претставува еден успех, не само за мене и за клубот туку и за градот и еве во оваа прилика ќе кажам, овие девојки заслужуваат многу повеќе внимание од тоа што им се пружа, истакна Петровски.

За кошаркарките ваквите средби се од огромно значење за стекнување нови пријателства.

Премногу сме задоволни од организацијата и убаво е да се организираат вакви средби на кои можеме да шириме нови познанства, истакна кошаркарката Елена Ангеловска.

ОДИГРАН МЕЃУНАРОДЕН ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ЖКК „КЛУБСКИ ПАТРИОТ“ И ЖКК „ТОНИ 7“ ОД СЛИВЕН Р. БУГАРИЈА

ОДИГРАН МЕЃУНАРОДЕН ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ЖКК „КЛУБСКИ ПАТРИОТ“ И ЖКК „ТОНИ 7“ ОД СЛИВЕН Р. БУГАРИЈА

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, June 18, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*