Беровската деветолетка лидер по E-Twining проектите

Беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“ е едно од училиштата во источниот регион кое е лидер во E Twining проектите. Поради своето залагање на ова поле, како што истакна амбасадорот на E Twining, Славица Чавдарска, училиштето ја доби и ознаката за E Twining училиште.

-Како еден од успесите на училиштето за изминатата учебна година би го наброиле и добивањето на ознака за E Twining училиште, која што за нас значеше голем успех. Ознаката ја добивме затоа што работиме на многу E Twining проекти, а од сите тие проекти очекуваме во скоро време да добиеме национални ознаки за квалитет, а понатаму и европски награди. Учениците активно беа вклучени меѓутоа најактивните е-твинери  редовно, за време на часови, после часови и за викенди ги извршуваа своите задачи и обврски за проектите и заради тоа имаме огромен успех, истакна Чавдарска.

Како резултат на ознаката E Twining, Чавдарска имала прилика да учествува на тематска конференција за E Twining во Даблин, Ирска во периодот од 9-11 мај, каде што биле претставени сите активности и успеси кои училиштето ги прави како дел од E Twining програмата.

За учениците задоволството е огромно да се биде дел од овие активности.

-Јас сум Бојана Брашнарска и сум ученик кој учествувал во овие E Twining проекти. Иако тие претставуваат голема обврска, тие исто така за нас учениците претставуваат и големо задоволство.

Овие успеси како што истакна директорката на беровската деветолетка Наташа Аврамска само се надоврзуваат на претходната успешна реализација на проектите од Еразмус плус програмата.

-Како директор горда сум на сите успеси кои ги постигнуваат наставниците и учениците. Минатата година успешно го завршивме проектот од Еразмус плус, кој претходно беше добиен за К1 проектите, со тоа што две групи по 7 наставници посетивме обуки во Шпанија. Исто така оваа година имаме аплицирано за повеќе проекти, во некои сме носители, во некои сме партнери, истакна Аврамска.

Исто така како што додава, не се намалени резултатите и успесите и соработката и со учениците од Словенија, Чешка, Португалија, Малта. Аврамска додаде дека беровската деветолетка активно соработува со  училишта од повеќе Европски држави, најмногу со Турција. Со сите овие европски држави училиштето редовно остварува видео-конференции, со што како што додава Аврамска, учениците ги споделуваат своите искуства и знаења со ученици од останатите училишта од Европа.

ООУ ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ – ЛИДЕР ПО Е ТВИНИНГ ПРОЕКТИТЕ

ООУ ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ – ЛИДЕР ПО Е ТВИНИНГ ПРОЕКТИТЕ

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, June 19, 2019

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*