На иницијатива на делчевските пензионери денес се чистеше просторот околу зградата на пензионерскиот дом во Делчево. Во акцијата зедоа учество поголем број пензионери, а како што може да се забележи на видеото, просторот по завршувањето на акцијата е целосно исчистен.
Како што истакна претседателката на Здружението на пензионери Голубина Анастасова, одзивот во рамки на акцијата од страна на пензионерите бил на задоволително ниво, а акцијата била спроведена во соработка со Јавното претпријатие за комунална дејност ,,Брегалница”.
Делчевските пензионери од неодамна се со ново раководство од каде најавија дека ваквите акции на други локации ќе бидат реализирани и во иднина.
Posted by Miki Keki on Thursday, June 20, 2019
Posted by Miki Keki on Thursday, June 20, 2019
Leave a Reply