Доделени решенијата за старт на изградба на инфраструктурата во населба Басарица

Општина Делчево ги доби решенијата од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кои се одобрува финансиска поддршка за реализација на два капитални проекти во населбите Басарица и Полето.
 
Станува збор за проекти во вредност од над 30 милиони денари, средства кои ќе бидат наменети за реализација на проекти за изградба на патна инфратсруктура во населбата Басарица, како и канализација во населбата Басарица и Полето.
Градоначалникот Горан Трајковски на денешната прес-конференција го потенцираше значењето на реализацијата на овие инфраструктурни проекти во Басарица.
 
– Населбата Басарица иако повеќе од две децении е урбанизирана, досега немаше изградено патна инфраструктура. Сведоци бевме дека долго време жителите на оваа населба газеа кал и живееја во прашина, а со реализацијата на овој проект, конечно, оваа населба ќе наликува на една урбана средина. Како градоначалник кој сака да ги решава проблемите ја изработивме и првата техничка документација со која во оваа населба предвидена е и изградба на 6 улици во должина од 1 километар, како и канализациска линија во должина од 2 километри која поминува низ дел од населбата Басарица и оди за село Полето, истакна Трајковски.
Додава дека вредноста за изградба на патната инфраструктура и канализацијата е над 25 милиони денари.
 
Во рамките на проектот аплициран по мерката 322 за инвестиции за изградба или реконструкција на улици во руралните средства, предвидена е изградба на 6 улици во населбата Басарица меѓу кои улиците „Св.Троица, „Киселичка“, „Бигланска“,„Драмечка“, „Басаричка“ и „Селничка“. Вториот проект аплициран по мерката 321 се однесува на изградба на 4 крака на канализациски системи во населбата Басарица и Полето во должина од 2000 метри.
 
Трајковски истакна дека тендерот за реализација на инфраструктурните проекти во населбата Басарица и Полето ќе биде објавен во текот на овој месец, а се очекува градежните работи да започнат во август.

Општина Делчево ги доби решенија за старт на изградба на инфраструктурата во населбата Басарица

Општина Делчево ги доби решенија за старт на изградба на инфраструктурата во населбата Басарица

Posted by delcevo365.mk on Thursday, June 20, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*