Елена Ангеловска – ученик на генерацијата во ООУ ,,Ванчо Прке”

Вечерва на завршна манифестација по повод крајот на учебната година, за најдобар ученик за учебната 2018/19, делчевската деветолетка „Ванчо Прке“ ја прогласи ученичката Елена Ангеловска.

Заблагодарувајки се за наградата Ангеловска вети уште поголем успех во текот на средното образование.

Општина Делчево како награда на  Ангеловска и додели парична награда.

Во рамки на настанот директорот на училиштето, Горан Велков, ги додели наградите за учениците со најдобри резултати од државните натпревари и со континуиран одличен успех во текот на изминатите учебни години.

Настанот беше збогатен со одлично подготвена музичка програма во изведба на учениците подготвена од нивните ментори.

Во продолжение погледнете како протече целиот настан!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*