Фото: Делчевката Дијана Петрова ја промовираше ,,Бдеењето над себе”

Синоќа во фоајето на кино Фросина на МКЦ беше промовиран дебитантскиот роман „Бдеењето над себе“ од делчевката Дијана Петрова, автор кој е добитник на Признанието за афирмација на македонскиот јазик и литература од издавачот НОВ ВАВИЛОН од Битола.

„Овој роман носи нова жанровска свежина во македонската проза, инаку необично ретка, со инаугурирање бран на филозофско-рефлексивната проза, крајно потребна во најновата македонска книжевност“, ќе каже за делото проф. Д-р Јасна Котеска.

„Најмногу заради иновативноста на ова ново/младо писмо, романот „Бдеењето над себе“ на Дијана Петрова го прочитав како потресен дневник на една субјективна душа“, се зборовите на промоторот на делото проф. Д-р Весна Мојсова-Чепишевска

„Овој роман со необична и загадочна содржина ќе претставува револуционерно откритие во областа на романсиерството за 2019 година, а и вистинска книжевна наслада за познавачите на краткиот роман“, додаваат за романот од издавачка куќа НОВ ВАВИЛОН.

Промотор на синоќешната промоција беше проф. Д-р Весна Мојсова-Чепишевска, додека фрагменти од романот читаше Елена Остреска.

За промоцијата на своето дело, Петрова на фејсбук со свој коментар:

“Прво, после синоќа, сфатив дека (ќе) имам многу другари и читатели, а испечатив премалку книги (350). Второ, ме изненадија многу луѓе со нивното присуство, драго ми е што на мојата промоција имаше свеж бран од нови слушатели/читатели кој е крајно потребен кај нас. Трето, се чувствуваше тоа искрено присуство, ослободено од обврска и дволичност, што ме направи посебно горда бидејќи даваше убава енергија. Четврто, ако има начин среќата што ја почувствував јас синоќа поради вас, да направам и вие да ја почувствувате – кажете ми. “, рече Петрова во својот коментар на фејсбук.

Во продолжение ви доловуваме дел од насмевките и другарувањата кои беа присутни на промоција на романот ,,Бдеењето над себе”, а судејки според фотографиите кои ќе ги видите во продолжение, промоцијата на ,,Бдеењето над себе” беше повеќе од успешна.

Како што најави авторката, романот наскоро ќе биде промовиран и во Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*