Ангажираните лица кои извршуваа Општинско корисна работа ги добија своите сертификати

Вкупно 16 лица ангажирани преку програмата Општинско корисна работа за 2018 година, денеска во Делчево, добија потврдите и сертификати, за успешно завршена обука за образовни и лични асистенти.
 
Сертификатите и потврдите ги додели градоначалникот Горан Трајковски, кој истакна дека ова е уште еден успешен процес од оваа програма, која во Делчево се реализира по седми пат.
 
-Целта на оваа програма е унапредување на системот за обезбедување социјални и здравствени услуги, а програмата овозможува и социјално вклучување на регистрирани невработени лица, кои се соочуваат со потешкотии да влезат на пазарот на трудот, но се подготвени да се здобијат со вештини и квалификации и постепено да се интегрирааат во редовниот пазар на труд, рече Трајковски.
Седуммина од лицата беа ангажирани на активноста „Образовни асистенти“, додека три во активноста „Лични асистенти“ во двете основни општински училишта. Три лица ја имале улогата на негувателки во детската градинка и тројца негователи во Дневниот центар за лица со посебни потреби. Во рамките на овие активности биле опслужени вкупно 367 крајни корисници од различна возраст, пол и припадност.
 
За Милена Трајановска од Делчево, искуството со кое се стекнала за време на нејзиното учество во проектот, е мошне важно за нејзиниот понатамошен работен ангажман.
 
-Јас бев волонтер во Дневниот центар, се грижевме за децата, ги храневме, ги шетавме. Сметам дека учеството во овој проект ќе ми помогне за моето понатамошно трајно вработување, истакна Трајановска.
Проектот Општинско корисна работа се реализираше во партнерство меѓу Општина Делчево, Агенцијата за вработување, Центарот за социјални работи и УНДП. Општината како што информира Наташа Димитровска од ЕЛС Делчево има поднесено апликација и за наредниот проектен циклус за одобрување на 20 работни позиции во рамките на истата програма.

Доделени сертификати за лицата вклучени во проектот Општинско корисна работа

Posted by delcevo365.mk on Friday, June 21, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*