Поради одроните сообраќајот над село Истибања се одвива по една сообраќајна лента

Сообраќајот на патниот правец  Македонска Каменица – Кочани, се одвива со потешкотии. Како што јавуваат возачи, една лента од сообраќајот поради одронетата карпа е блокирана, а точното место на одронот се наоѓа во близина на месноста каде се наоѓа познатиот угостителски објект „Саваро“. Екипи на „Македонија пат“ се веќе на терен и работат на расчистување на теренот.
 
-Поради новите одрони, едната сообраќајна лента е зафатена од карпите и иако возилата има каде да се движат, сепак тоа се прави со голема внимателсност од страна на возачи. Наши екипи се веќе на местото каде се наоѓаат одроните и работат на нивно отстранување. Одроните овде како што веќе знаете се честа појава после врнежи од дожд, особено во делот на патниот правец од Кочани кон Македонска Каменица каде и најчесто може да се забележат, велат од претпријатрието.
 
Додаваат, дека продолжува редовната обиколка на теренот и на оние места каде ќе бидат забележани нови одрони, ќе биде поставена соодветна патна сигнализација со знаци за известување.
 
Исто така апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*