Тридневниот панаѓур во Делчево ги оправда очекувањата на трговците

Во Делчево во изминатите три дена се организираше тридневен панаѓур на која граѓаните по пониски цени од вообичаените можеа да купат разни модели на облека и широка палета на производи за домаќинството. Иако трговците стравуваа дека поради новата локација, прометот ќе им биде намален, сепак на крајот од последниот ден од панаѓурот, како што велат задоволни го напуштаат Делчево.
 
– За прв пат своите производи ги изложивме на оваа нова локација во Делчево и морам да признаам јас лично сум задоволен од тоа како помина овој тридневен панаѓур. Имаше луѓе ме само од Делчево, туку и од околината на Македонска Каменица, Пехчево, Берово кои одбраа по нешто и си заминаа дома задоволни, вели трговец од Струмица.
Освен од споменатите градови, панаѓурот го псоетија и голем број бугарските државјани кои редовно доаѓаат во Делчево на шопинг за време на викендот.
 
– Доаѓаме во Делчево за викенди, еве сега и на панаѓурот на кој можевме да одбереме гардероба по малку поевтини цени отколку кај нас. Имаше добра понуда и ќе дојдеме пак во Делчево, истакна посетителка од Благоевград.
 
Поранешната локација на панаѓурот беше во градскиот парк, но поради однапред договорени активности, теѕгите на трговците овојпат беа поставени на новата локација во близина на градскиот стадион во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*