Поради асфалтирање сообраќајот на патниот правец Пехчево – Делчево се одвива со наизменичен режим на движење

Во тек е асфалтирањето на патниот правец од Делчево до Пехчево во должина од 10 километри.
 
Како што информираат од фирмата ГП ,,Гранит”, поради асфалтирањето, сообраќајот се одвива со заддршки на возилата на одредени делници на патниот правец Делчево – Пехчево.
 
Aсфалтирањето на регионалниот пат Пехчево – Делчево се очекува да заврши најдоцна до крајот на овој месец.
 
Средствата во висина од 3,5 милиони евра за реконструкцијата на овој патен правец се обезбедени како дел од пакетот проекти на Министерството за транспорт и врски кои се реализираат со поддршка на Светска банка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*