Ана Телетанска – ученик на генерацијата во ООУ ,,Св.Климент Охридски”

Ана Телетанска е ученик на генерацијата во ООУ “Св.Климент Охридски” за учебната 2018/19 година. На завршната церемонија по повод крајот на учебната година, Телетанска ја доби заслужената награда од директорот на училиштето, Горан Димитровски, а награда Телетанска доби и од Општина Делчево, стипендија која во висина од 2000 денари ќе и се доделува во наредните 9 месеци.

На свечената академија беа доделени награди и за останатите ученици кои постигнаа одлични резултати на државните натпревари и на учениците со континуиран одличен успех, а благодарници беа доделени и на институции, поединци и фирми, со кои училиштето во текот на изминатата учебна година, имаше одлична соработка.

Пред доделувањето на наградата на ученикот на генерацијата, директорот на училиштето Горан Димитровски ги презентираше резултатите и постигнувањата на деветолетката во текот на изминатата учебна година.

Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма подготвена од учениците од IV одделение, заедно со нивните ментори.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*